Отворениот базен во Охрид повторно во владение на ЈП „СРЦ Билјанини извори“

Од:

Отворениот базен во Охрид по повеќе од 15 години повторно во владение на Јавното претпријатие „СРЦ Билјанини извори“.

Досегашниот концесионер што стопанисуваше со објектот денеска соопшти дека во интерес на развојот на тој вид спортски активности во градот и збогатување на спортско-забавните содржини на комплексот предвремено се откажува од договорот за концесија и повторно го враќа во владение на матичното јавно претпријатие.

– Ние како концесионери сме на мислење дека новата локална власт во Охрид заедно со раководството на ЈП „Билјанини извори“ поуспешно ќе раководат со објектот и ќе го освежат овој спортско-пливачки комплекс, така што решивме да ги поддржиме нивните иницијативи и да го отстапиме стопанисувањето, во интерес на добрите идеи што за објектот ги има замислено новото раководство, изјави досегашниот концесионер Владо Рувинов. Тој додаде дека неговата фирма во рамки на своите можности и понатаму ќе ги поддржува активностите насочени кон развојот и унапредувањето на пливачките спортови во Охрид.

Директорот на „Билјанини извори“ Иванчо Цветкоски позитивно го оцени ваквиот гест на концесионерот, како чекор напред во напорите на новото раководство на претпријатието за враќање во владение на содржините и објектите што природно му припаѓаат на спортско рекреативниот центар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски

Почувствуван земјотрес во Охрид и околината

Жена загина во сообраќајна несреќа што се случи во центарот на Охрид

Горан Наумовски

Уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион

Серија земјотреси во регионот на подрачјето Пештани-Охрид-Струга

Горан Наумовски