Отворени три нови регионални центри за бездомни лица и проширување на постоечкиот во Скопје

Од:

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Црвен Крст за прв пат отвори три нови интервентни престојувалишта во Битола, Струга и Струмица, а ги прошири и постоечките капацитети на центарот „Момин Поток“ во Скопје. Во овие центри бездомните лица ќе може да ја поминат ноќта на топло и безбедно место, да добијат оброк и психолошка и медицинска поддршка.

Според министерката Царовска, бездомните лица надвор од Скопје досега немаа место за каде би можеле да се обратат и да бидат згрижени. Од тие причини, Министерството за труд и социјална политика во соработка со Црвениот Крст на Македонија, донесоа одлука да постават три регионални интервентни престојувалишта за бездомни лица, а се дополнија капацитетите на Центарот во Момин поток бидејќи појавата на бездомништво е најизразена во Скопје. Таа ги повика и останатите општини во Република Македонија да вложат напори да обезбедат барем по едно интеревентно престојувалиште.

Денеска Царовска, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска го посетија Пунктот за бездомници на Црвен крст во Момин поток. За време на екстремно ниските температури овој пункт овозможува сместување во привременото прифатилиште, кое има капацитет да смести 32 лица во исто време.

Воедно, во услови на студен бран Министерството за труд и социјална политика има обезбедено и сместување на 121 лице кои беа лоцирани во близина на Скопското кале и за истите во подготовка се индивидуални планови за поддршка и излез од состојбата на бездомништво.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан