Отворени „Деновите на руски јазик и култура“, вечерва проекција на филмот „Црвениот призрак“

Од:

Со настап на гудачкиот квартет „Филхармонија“ составен од македонските музичари Бојан Илковски, Бојан Талевски, Марија Михајловска, а предводен од првиот концерт-мајстор на Симфонискиот оркестар на Филхармонија, истакнатата виолинистка со руско потекло Ана Кондратенко, во пијано придружба на Марија Вршкова, синоќа, во Скопје свечено беа отворени Деновите на руски јазик и култура во Република Северна Македонија.

На свеченоста, како што соопштија од Рускиот центар при УКИМ, пред присутните со пригодни говори се обратија министерката за култура Ирена Стефоска, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Никола Јанкуловски и амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија Сергеј Баздникин

Министерката Стефоска, се посочува, зборуваше за значењето на долготрајната креативна поврзаност меѓу двете земји, истакнувајќи дека „македонско-руската соработка е видлива како низ институционални форми во културата, така и во индивидуални контакти на уметниците од двете земји“.

Амбасадорот Сергеј Баздникин потенцираше дека „токму културата што ја поттикнува во нас желбата за морално и етичко усовршување, придонесува за создавање атмосфера на доверба и меѓусебно разбирање…“.

Ректорот Јанкуловски „Деновите на руски јазик и култура“ ги нарече „уште еден мост на соработка меѓу двете пријателски земји“ и додаде дека со оваа манифестација „Рускиот центар при УКИМ симболично го прославува својот прв јубилеј – пет години од своето постоење“.

На концертот синоќа беа изведени дела на великани на руската класична музика како С.В.Рахманинов, П.И.Чајковски, Д.Д.Шостакович. Во рамки на манифестацијата која ќе се одвива до 30 октомври, вечер во Кинотеката ќе може да се проследи проекција на воениот филм на рускиот режисер Андреј Богатирјов „Црвениот призрак“ со превод на македонски јазик.

Деновите на руски јазик и култура се одржуваат на иницијатива на Рускиот центар при УКИМ со поддршка од Фондацијата „Руски мир”, Амбасадата на Руската Федерација во Р.С. Македонија и компанијата „Лукоил Македонија”. Основната програма ќе трае до крајот на месецов и ќе вклучува настани од различен карактер: проекција на филм, квиз, научна конференција, отворена трибина посветена на преводите на руската литература во Македонија. Во октомври ќе се реализираат посети на македонските училишта во различни градови каде што се изучува рускиот јазик.

Би можело да ве интересира

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема евакуација на населението во регионите погодени од полави во Русија

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани