Отворени денови со полицијата на ГП Делчево

Од:

Во рамките на Отворените денови со полицијата и по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, Регионалниот центар за гранични работи Исток денеска организираше посета и едукација на ученици од основните училишта во Делчево на Граничниот премин Делчево со соседна Бугарија.

Милчо Станојковски, самостоен инспектор за превенција во РЦ за гранични работи-Исток, истакна дека целта на оваа активност е најмалите да се запознаат со улогата и задачите на граничните полицајци.

– Сакаме да им покажеме на учениците кои активности ги презема и што работи граничната полиција, односно МВР. Да ја видат опремата со која се врши обезбедување на државната граница, начинот на работење на Граничниот премин при легално поминување на граѓаните кои сакаат да ја поминат граничната линија, рече Станојковски.

Тој истакна дека вакви активности и средби со ученици ќе бидат организирани и во општините кои спаѓаат под надлежност на РЦ за гранични работи Исток, како што се Струмица, Крива Паланка, М. Каменица и Пехчево.

Инаку, делчевскиот граничен премин во континуитет бележи пораст на фреквенцијата на патници. Во однос на 2015, минатата година има зголемување за 18 отсто на влез и излез од државата, односно државната граница ја поминале 550 илјади граѓани. Во првите четири месеци од оваа година бројката на влез и излез од државата е 172 илјади патници. Најголема фреквенција на преминот има за празници, кога за 24 часа поминуваат и до 3 илјади граѓани.

Би можело да ве интересира

„Културна кауза“ во Делчево – спој на музика, поезија и мултимедијални содржини

А1он

МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Глинџарски: Со јасен план за развој продолжуваме да го градиме Делчево

Горан Наумовски

Октоберфест е затворен од полицијата

Рио де Жанеиро го враќа законот за добивање бонус за полицајците кои убиваат криминалци

Турската полиција за седум дена уапси 161 терорист