Отворени денови на ДУТ

Од:

Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) денеска организираше промоција на академската понуда за учебната 2013/2014 година.

Во рамките на отворените денови потенцијалните студенти денеска и во текот на утрешниот ден ќе можат да се информираат за студиските програми, моделите на студирање и условите за упис на универзитетот.

– Во досегашните промотивни активности ние сме се претставиле во сите средни училишта во државата, а сме учествувле и на саемите за образование во Скопје и Приштина. На отворените денови ќе бидат промовирани и новите студиски програми за специјална едукација и рехабилитација, математика во финасии и бизнис, менаџирање на квалитетот на храната и драматургија и уметничка режија. Покрај во дисперзираните студии од оваа година програмите за бизнис администрација, екологија и политички науки ќе бидат отворени и во Тетово, рече ректорот Вулнет Амети.

Во новата учебна година на ДУТ планирано е да се запишат 5.630 нови студенти кои своето образование ќе го продолжат на еден од 11-те факултети на оваа високообразовна институција во Тетово, но и на дисперзираните студии во повеќе градови низ Македонија.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“