Отворена сезоната на капење во Охридско Езеро

Од:

Вториот јунски викенд, заедно со порастот на дневните температури, ги охрабри посмелите и помалку трпеливите да ја отворат сезоната на капење во Охрдиско Езеро.

Tемпературата на воздухот викендов се искачи над 30 целзиусови степени, додека темепратурата на водата е пониска за десетина степени. Сепак, наглото зголемување на дневната температура, многумина ги принуди разладување да побараат во сè уште студената езерска вода.

Најмногу капачи имаше на плажата Потпеш, кај Канео, потоа на платформата на кафулето „Куба либре“, како и на целиот потег од туристичката населба Свети Стефан, па сè до населбата Пештани.

Првите капачи се јавија и на шеталиштето, долж градскиот кеј, во центарот на Охрид.

На Охрид, во моментов, печат на сезонскиот туристички живот му даваат странците, пред сè, оние од Холандија и од другите земји на Бенелукс.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата