Отворена првата архивска изложба на МНР „30 години независност- ретроспектива на надворешната политика“

Од:

По повод 30 години од независноста на нашата држава, во Министерството за надворешни работи денеска беше отворена првата архивска изложба на Министерството насловена „30 години независност- ретроспектива на надворешната политика“.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на отворањето истакна дека оваа е прва архивска изложба на МНР во која прават првичен обид да се даде сеопфатна и длабинска слика за надворешната политика на Република Северна Македонија од нејзината независност до денес. Тој најави дека на среден рок планираат и создавање на траен музеј на основни архивски документи од значење на државата.

– Како што можете да видите, објавуваме интересни документи, записи и фотографии преку кои се прикажани почетоците на нашата дипломатија од независноста, развојот на надворешните односи и достигнувањата на нашата земја. Во функција на транспарентноста, но и како начин за промоција на нашите вредности, со оваа изложба фактички започнуваме целосно нов концепт на тематско изложување на дипломатски архивски документи, записи и наследство кои се од значење за домашната и странска јавност. Дополнително, на еден среден рок за оваа цел планираме и создавање на траен музеј на основни архивски документи од значење на државата, рече тој.

Османи посочи дека она што и самата изложба го покажува е тоа дека уште од нејзиното осамостојување Република Северна Македонија експлицитно и недвосмислено се определила кон европските и евроатлантските вредности. Со текот на времето докажувајќи ја својата определеност кон мирољубиви решенија и градење на мултиетничка и мултикултурно општество, како што рече министерот Османи, земјата успешно се позиционираше на меѓународната сцена и покажа дека иако мала земја може да воспостави билатерални односи со голем број земји од различни региони во светот и да биде значаен партнер на меѓународната заедница.

– Во овој контекст неминовно е да се споменат трите значајни столбови на кои се потпира нашиот успех и кои што со сигурност може да се каже дека претстатуваат и парадигма за нашата посветеност и мирно решавање на прашањата – Охридскиот рамковен договор, Договорот за пријателство со Бугарија и Договорот за стратешко партнерство со Грција познат како Договорот од Преспа. Круна на нашите стратешки цели беше полноиправно членство во НАТО и се надевам дека истото ќе го кажеме во догледна иднина во однос на нашите искрени аспирации за полноправно членство во Европската унија, истакна Османи.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија