Отворена мини библиотека во „Сју Рајдер“-Битола

Од:

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, празникот на сесловенските производители го одбележа со донација во Одделението „Сју Рајдер“-Битола, кое работи во состав на ЈЗУ Геронтолошки Завод „13 Ноември“-Скопје.

Книгата е еден од најдобрите начини за менување и збогатување на животот во заедницата и затоа одлучивме да поставиме мини библиотека во хоспис „Сју Рајдер“-Битола, изјави Јелена Петровска, директорка на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола.

– Мини библиотеката е со почетен фонд од 30 наслови, но на средбата со раководството на „Сју Рајдер“ во Битола, договоривме други активности поврзани со можноста за користење на библиотечниот простор, позајмување на книги, учество во програмите за користење на книжниот фонд, предавања, библиотерапија, информациска писменост, како и други активности кои се наменети во тој тип на установи, посочи Петровска.

Со донацијата и хуманата активност, НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола продолжи да ги следи препораките на меѓународната организација ИФЛА (IFLA), во рамките на спроведување на Агенда 2030 за одржлив развој од Обединетите нации, посебно во делот на промовирање на мирољубиви и инклузивни општества каде библиотеките имаат активно влијание.

Би можело да ве интересира

68-годишен беровчанец во хотел во Битола извршил полов напад врз 12-годишно девојче

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се насилниците кои од Швеѓанец земаа блузата на која имало исцртано глава на орел

Горан Наумовски

Маж од Австралија е пронајден починат во хотел во Битола

(ВИДЕО) Куновски: Четири години битолчани се сведоци на недомаќинлук, аздисаност и лицемерие