Отворена изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“

Од:

По повод одбележувањето 52 години од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, синоќа скопскиот градоначалник Коце Трајановски ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“ во Музејот на Град Скопје.

– Од колективната меморија на скопјани не е избришан 26 јули 1963 година. Скопје се сеќава на неколкуте минути во кои жителите на нашата престолнина ја почуствуваа уривачката моќ на природата. И по 52 година од најтрагичните мигови на поблиското минато, во многу скопски семејства неизбришливи се сеќавата на катастрофалниот земјотрес, а бројните гробови се доказ за 1.070-те трагични човечки судбини. Во татнежот на земјотресот илјадници семејства ги загубија своите домови, а сериозно беа оштетени и објекти од јавен каратер, како што беа стариот театар и офицерскиот дом, рече Транаовски.

За среќа, како што истакна, веста за пустошот што го остави катастрофалниот земјотрес бргу се прошири низ светската јавност, а хуманоста на светот не изостана.

Izlozba Pred i potoa - Skopje 1963 (1)

– Набргу по трагедијата, во време на веројатно најголемата светска поделба, како резултат на студената војна, во нашиот град се состанаа Истокот и Западот со цел да ја ублажат болката и страдањата на скопјани. Ние и денес сме благодарни за првата помош што им беше пружена на нашите сограѓани што останаа без основни услови за цивилизиран живот, но и за изградбата на неколку градски населби како долгорочно решение за станбените потреби на скопјани, посочи Трајановски.

Izlozba Pred i potoa - Skopje 1963 (4)

Потсети дека Скопје денес е познат како град на солидарноста најмногу поради хуманитарниот ангажман на државите од Европа и светот, но и затоа што и скопјани, и жители на другите македонски градови, неуморно беа ангажирани во пружањето на непосредна помош на загрозените, но и во изградбата на еден речиси нов и модерен град.

– Во изминативе педесетина години ентузијазмот во развојот и изградбата не е смален и затоа Скопје решително се движи кон идеалот да стане соверемена престолнина, истакна Трајановски.

Izlozba Pred i potoa - Skopje 1963 (2)

На изложбата, преку презентираниот материјал може да се види забрзаниот развој на градот. На одбраниот материјал е прикажано централното подрачје на Скопје пред земјотресот и потоа, до осумдесеттите години. Избрани се фотографии направени за изложба реализирана во Музејот на Град Скопје во осумдесеттите години на ХХ век, „Напоредни фотографии на Скопје“ и избор на фотографии од Киро Георгиевски, користени за изложбата „Старо Скопје“, реализирана во Музејот во 1993 година.

Izlozba Pred i potoa - Skopje 1963 (5)

Посебен додаток на изложбата е донацијата на семејството Битољану на документарни фотографии на фотографот Томислав Петернек, снимени непосредно по земјотресот, за време на неговиот престој во Скопје.

На изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“ присуствуваа претседателот на Советот на Град Скопје Ирена Мишева и Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Олег Шчербак.

Би можело да ве интересира

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството