Отворена истрага против еден осомничен за разбојништво во Аеродром

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за едно лице за сторено кривично дело Разбојништво од чл. 237 ст.1 од Кривичниот законик.

Лицето е осомничено дека на 16.10.2018 година, заканувајќи се со пластичен пиштол, извршил разбојништво во канцеларија на Брза пошта во Аеродром, при што одзел значителна сума пари, а вработената ја заклучил во тоалетот и избегал. При извршување на грабежот лицето не било маскирано. По неговото идентификување и лишување од слобода, извршено е и препознавање на осомничениот.

Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот, но судијата донесе Решение со кое на лицето му определи мерка куќен притвор, соопштуваат од Основното јавно обвинителство Скопје.

Би можело да ве интересира

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски