Отворена истрага по допрен глас за приватна болница, која по неколку пати наплаќала од Фондот за извршени интервенции

Од:

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас во врска со евентуални незаконитости во работењето на една приватна болница од Скопје.

Предметот е отворен по следење на написите во медиумите за извршени лекарски интервенции на срце и крвни садови во една приватна болница согласно кои приватната болница злоупотребила склучен Договор за кардиоваскуларни работи со Фондот за здравствено осигурување.

Имено, постојат постојат индиции дека дел од наплатените интервенции се фиктивно извршени од страна на болницата, како и дека за ист пациент и за ист вид интервенција се вршени по неколку наплати од Фондот.

Надлежен јавен обвинител ги презема сите неопходни дејствија во насока на утврдување на фактите во предметот.

Би можело да ве интересира

Болничар уби 10 пациенти од бизарна причина-да си ја намали работата

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми и неговиот помошник Аки Саити

Приведени се двајца од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина и природата со отпад

Горан Наумовски

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница