Oтворена електронска продавница во Битола

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска во Битола ја отвори првата електронска продавница во овој град, сопственост на веледрогеријата Марти Алко ДОО -Битола.

Станува збор за веб-електронска аптека која ќе прима порачки пред се за медицински помагала и ќе ги дистрибуира до секој клиент, нарачател, на свој товар.

– Најголем дел од малите и средни претпријатија во Македонија односно 90 насто имаат интернет и затоа очекувам овој тренд и интерес за отворање на веб-продавници да продолжи. Инвеститорите од странство се интересираат за овој новитет и затоа ќе продолжиме со отворање електронски продавници, истакна министерот Ивановски.

Во текот на следната недела Министерството за информатичко општество и администрација ќе распише јавен оглас за 50 нови компании кои ќе може да отворат електронска продавница.

Би можело да ве интересира

Нема интернет во Иран, прекинот ќе трае најмалку 48 часа

Путин потпиша закон – кога ќе реши ќе го исклучи интернетот во Русија

А1он

Интернет користи 92,1 отсто од населението во земјава

Герасимовски: Поставуваме три Free Wi-Fi зони во Дебар Маало, Сквер Јадран и Капиштец

Горан Наумовски

Гостиварец објавувал фотографии од девојки со сексистички содржини од лажен профил

Иран сè уште e без интернет, не може да се дојде до информации од земјата