Отворена активна зона во Гостивар

Од:

На пригодна свеченост, која се одржа вечерва, во градскиот парк во Гостивар, беше предадена во употреба осмата „Coca-Cola Активна зона.

На отварањето, гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта напомена дека ова катче ќе им биде од голема корист на граѓаните.

– Гостиварци сега ќе имаат можност бесплатно да практикуваат спорт и да рекреираат, а поупорните и професионалците да ги користат секојдневно. Имам и еден апел до моите сограѓани да ги чуваат справите и целата зона за да ни биде од корист уште долго време, рече градоначалникот Бејта.

Зоната во градскиот парк има современа фитнес-опрема и 6 професионални фитнес-справи, кои ќе бидат достапни за употреба 24 часа на ден.

– Зоната ја поставивме на достапна локација, а во догледно време ќе организираме и спортски настани во соработка со стручни лица, со единствена цел оваа зона да прерасне во место за инклузија на сите граѓани, да се забавуваат и социјализираат, рече Ламбро Патче, директор за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје.

На свеченоста обраќање имаше и поранешниот фудбалски интернационалец Арѓент Беќири, кој искажа благодарност и ги пофали напорите за реализација на овој проект, бидејќи како што рече, ова место ќе им биде од корист и на спортистите во нивните тренинзи.

Проектот „Coca-Cola Активни зони“ е дел од глобалната платформа за промоција на активниот живот на Пивара Скопје во соработка со компанијата Coca-Cola. Како дел од истата платформа, Пивара Скопје во изминативе години заедно со компанијата Coca-Cola реализираше повеќе проекти, како што се Coca-Cola фудбалскиот куп, 5-те бесплатни паркиралишта за велосипеди во Скопје, како и уште седум Coca-Cola Активни зони низ повеќе општини во Македонија.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија