• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Отворен Зелен пазар во близина на болницата во Охрид

by А1он01/06/2018 - 16:34882
Share0

ЈП „Градски пазар“ од Охрид денеска отвори зелен пазар за потребите на граѓаните од северниот дел на градот, во охридската населба „Расадник“.

Добивај вести на вибер

Станува збор за уреден пазар во близина на Општата болница, на кој земјоделците и градинарите од градот и околината ќе можат да ги пласираат своите производи.

Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски истакна дека од една страна производителите ќе имаат посебен простор за на едно место да продаваат дел од она што го одгледале, а истовремено да се стави ред во дејноста и да се намали појавата на диви пазари што остава лоша слика за градот како туристичка дестинација.

– Станува збор за компромисно решение, луѓето продолжуваат да си ги остваруваат своите приходи, а во исто време, се придржуваме на една законска рамка која треба да ја има ЈП „Градски Пазар“. Тука пазарџиите продаваат легално на соодветно место во добри хигиенски услови. Овој дел од градот веќе е доста населен и имаше потреба од регулирано и уредно продавање на земјоделски производи, изјави Стојаноски.

На земјоделците и градинарите од охридско во рамки на пазарот на располагање им се 15 големи и 12 мали тезги.

ohrid

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 09:2512/01/2026 - 15:02

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски09/01/2026 - 09:3309/01/2026 - 12:33

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Горан Наумовски08/01/2026 - 09:56

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Катерина Ѓуровски30/12/2025 - 08:09

Земјотрес во Охрид

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 09:53

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Горан Наумовски14/12/2025 - 11:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен