Отворен Вториот Саем за студии и туризам „Добредојде во Франција!“

Од:

Запознавање со можностите за студирање на врвните француски образовни институции, но и за туристичко откривање на Франција е целта на Вториот по ред Саем за студии и туризам „Добредојде во Франција!“, што денеска го организираат Францускиот институт во Скопје и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“.

На отворањето на манифестацијата се обрати амбасадорот на Франција во РМ, Кристијан Тиомоние, кој истакна дека саемот претставува отворена врата кон Франција.

– Во рамките на мојата кариера никогаш немам сретнато некој кој што има лоши спомени од неговото студирање во Франција. Може да се каже дека некои работи им се допаднале повеќе, некои помалку, но глобално земено никој не чува некој лош спомен. Токму од тие причини Франција останува трета земја по прифатот на бројот на студенти од странство и тоа е прилика за сите студенти кои што доаѓаат во Франција да направат мрежа на пријатели не само во Франција туку и во целиот свет, истакна амбасадорот Тимоние.

Покрај Париз како голем универзитетски центар, тој истакна дека одлични можности за студирање постојат и во другите големи градови во внатрешноста на земјата каде квалитетот на животот  за студентите од економски аспект е далеку поповолен.

Тимоние ја подвлече и улогата на поранешните студенти кои денес заземаат високи позиции во Македонија и во Франција и придонесуваат за развојот на односите меѓу двете земји.

Директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“ Иван Заров во своето обраќање подвлече дека за големото реноме на француското образование денес сведочат и големиот број на сегашни воспитаници, алумни на еминентни фарнцуски образовни институции кои на најдобар начин го афирмираат високиот квалитет и најактуелните тенденции и дострели на современиот интелектуален, научен, општествен, политички, културен живот на Франција, кои рече, се вистински промотори на француското образование во Македонија

Денеска беше промовирана и платформата „Франс Алумни Македонија“, на лица кои студирале во Франција како можност за нивно вмрежување и зближување.

Саемот, според организаторот, е одлична прилика за запознавање со сите можности за студирање во Франција, со програмите за стипендии и практичните прашања за студентскиот живот директно од претставниците на француските универзитети и студенти кои завршиле на престижните француски универзитети, потоа за добивање информации за ниските школарини и едноставните процедури при упис и особено за можностите за студентска пракса во француски компании во земјава и надвор од неа.

Освен информации за студии во Франција,  посетителите на саемот можат да се започнаат и со туристичкиот потенцијал на Франција како прворангирана светска туристичка дестинација, преку презентација на регионите Корзика, Нормандија и Алзас.

Би можело да ве интересира

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

Мицкоски најави ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Министерството за образование нема да го плати долгот од осум милиони евра за студентски превоз без судска одлука

Катерина Ѓуровски

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки