Отворен времениот граничен премин Стрезимир-Рестелица

Од:

Времениот Граничен премин Стрезимир – Рестелица на македонско-косовската граница од денеска и официјално е отворен за минување на граѓаните на двете држави, во присуство на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот косовски колега Џелал Свечла и вицепремиеркате на Косово Емилија Реџепи.

Преминот што се наоѓа на планината Кораб, на тромеѓето Северна Македонија-Албанија- Косово, ќе работи до 1 септември годинава од 08.00 до 20.00 часот.

За минување на границата ќе важат истите правила како и на другите гранични премини, односно важечка патна исправа (пасош или лична карта).

Министерството за внатрешни работи информира дека преминот е значаен за развојот на туризмот на општините од двете страни на границата, како и за меѓусебното поврзување на жителите од општините ќе ги задоволи потребите во овој период на граѓаните кои живеат на подрачјето на Општина Маврово и Ростуше, Република Северна Македонија и Општина Драгаш, Република Косово, а ќе ги користат во најголем број жителите на селата Ростуше, Велебрдо и Жировница – од македонска страна, и на селото Рестелица, од косовска страна.

Би можело да ве интересира

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи

На 5 јули стартува системот за заедничка гранична контрола со Србија

На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час

АМСМ: Нема подолги задржувања на граничните премини

Косовец на полицаец му дал 10 евра поткуп, па завршил во станица

Горан Наумовски

За викендот рекордни над 11.000 патници на Г.П. „Блато“