Повеќе од 200 натреварувачи во машка и женска категорија од 14 здруженија од главниот град, денеска учествуваат на традиционалниот шаховски турнир на пензионерите на Град Скопје. Турнирот се одржува секоја година во чест на 13 Ноември-Денот на ослободување на Скопје.
Почетокот на шаховскиот турнир го означија градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија Драги Аргировски и претседателот на Здружението на пензионери на Град Скопје Методија Новковски.
Градоначалникот Трајановски на приустните им го честита 13 Ноември и им посака среќа и добра игра на учесниците во турнирот.
За континуираната поддршката во развојот на пензионерското организирање во Македонија, претседателот Аргировски му додели плакета на градоначалникот Трајановски.
Учесниците на турнирот ќе добијат благодарници, додека најдобрите натпреварувачи ќе добијат дипломи.
Покровител на шаховскиот турнир на пензионерите е градоначалникот на Град Скопје.