Отворен пункт за собирање донации за лицата бездомници

Од:

Пункт за собирање донации за лицата бездомници, на кои периодов поради ниските температури им е потребна дополнителна заштита и помош, од денеска ќе биде поставен пред Сити Мол.

Собраните донации на дневна основа ќе се предаваат во Прифатниот центар за бездомници на Црвен крст на град Скопје во Момин поток.

Како што информираат организаторите, пунктот е отворен денеска од 16:00 и ќе работи до 22:00, а утре и останатите денови ќе функционира од 10:00 до 22:00 часот.

Во листата на потребни предмети се наведени топла облека и обувки.

Пунктот е лоциран на инфопултот на Скопје Сити Мол на самиот влез од страната на ул. М.А.Н.А.П.О. (Карпош 3). За повеќе детали информации на 02 3217 012 или на 070 281 319.

Би можело да ве интересира

Ковид пандемијата го зголеми бројот на бездомници, поделени хуманитарни пакети во Пунктот во Момин поток

Ана Ололовска

Деца ја јадат храната која се остава на гробовите за Задушница: „Немаме што друго да јадеме“

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Бездомници се вакцинираат во Ватикан

Жарко Настоски

Експерт на ОН: Домувањето е прашање на живот или смрт во услови на пандемија

А1он

ВИДЕО: Светски ѕвезди преспаа на улица – одбележан глобалниот настан за ставање крај на бездомништвото

Кристијан Ландов

Познати личности спиеја на отворено со бездомници и читаа приказни за лека ноќ

Татјана Ташкова