Отворен првиот Инфо клуб за млади на Скопскиот универзитет

Од:

Министерството за труд и социјална политика во соработка со УНДП го отвори првиот Инфо клуб во рамки на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Клубот е отворен со цел студентите поблиску да се запознаат и точно и навремено да се информираат за сите активни мерки за вработување и самовработување што ги спроведува Владата.

– Инфо клубот ќе биде дом за сите млади кои ќе можат да добијат навремена и релевантна информација за можностите за вработување и самовработување. Ќе продолжиме со оваа активност и со отворање на повеќе вакви Инфо клубови на универзитетите на Тетово, Битола и Штип со цел да ги опфатиме и младите од овие градови и тие да можат да добијат релевантни информации, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов пред денешната промоција на првиот Инфо клуб.

Според Лоиса Винтон, постојан претставник на УНДП, со Инфоцентарот ќе се намали оддалеченоста меѓу образовните институции и работодавачите.

– За УНДП на глобално ниво ова претставува приоритет бидејќи бројките кажуваат дека 37 проценти од работната сила отпаѓа на младите, меѓутоа 60 проценти од процентот на невработените отпаѓа на младите, посочи Винтон.

Ректорот на Скопскиот универзитет Велимир Стојковски се надева дека новоотворениот Инфоцентар заедно со центрите за кариера ќе придонесат студентите да добијат точни и навремени информации за сите можности за вработување што им се нудат.

Би можело да ве интересира

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот