А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Отворен првиот центар за иновации на Град Скопје

by А1он06/07/2017 - 12:49208
Share0

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски и постојаниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон денеска го отворија првиот Центар за иновации на Град Скопје-Скопје лаб.

Добивај вести на вибер

Центарот е лоциран во објектот на влезот на градската администрација, во просториите на поранешниот Граѓански центар.

– Со овој Центар за иновации ќе се подобри начинот на комуникација на Град Скопје со граѓаните и со бизнис заедницата. Со оглед на тоа што ќе се применуваат нови, современи алатки и методи, ќе се прават работилници, на интерактивен начин меѓу граѓаните, бизнис заедницата и вработените од Град Скопје ќе може да се видат нивните идеи, сугестии и иновативни предлози и тие да бидат преточени во план и реализација на Град Скопје, рече Трајановски.

Тој истакна дека 20 луѓе од администрацијата на Град Скопје веќе се обучени преку овој Центар за иновации за подобра комуникација со граѓаните и за прибирање на нивните идеи.

Винтон потенцира дека УНДП го поддржува создавањето на овој Центар за иновации, кој е четврти во регионот. Другите три се во Ерменија, Грузија и Молдавија.

Таа упати благодарност до владите на Словачка и на Турција кои, како што рече, ги обезбедија средствата за спроведување на овој регионален проект во износ од 360 илјади американски долари.

– Идејата е да се отвори вратата, да можат да дојдат сите граѓани и да учествуваат заеднички со властите на Град Скопје и да работат на решавање на проблемите. Услугите кои ги обезбедуваат властите, без оглед дали на национално или на локално ниво, да можат да бидат подобрени токму со учеството на граѓаните, и во осмислувањето и во испорачувањето на услугите, рече Винтон.

Досега во Центарот се одржала креативна размена на идеи за јавниот транспорт, а првите два пилот-проекти на кои ќе работи Центарот за иновации се справувањето со загадувањето на воздухот и справувањето со отпадот.

inovaciiskopje

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:09

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 13:29

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Горан Наумовски23/01/2026 - 13:38

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4819/01/2026 - 12:57

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен