Отворен нов спортско-рекреативен центар во Карпош 3

Од:

На површина од 11.000 квадратни метри, граѓаните на Општина Карпош, поточно од населбата Карпош 3 добија нов спортско – рекреативен центар во училишниот двор на ООУ „Лазо Трповски“.

Овој простор, повеќе години делуваше запуштено и неуредено иако е дел од урбаното јадро на општината.

Овој центар, вчера, беше отворен со голема маалска дружба Негова цел е да понуди содржини за повеќе генерации на граѓани, информира Општината Карпош.

Содржинскиот дел на спортскиот центар го исполнуваат терените за кошарка, фудбал, ракомет, сервис, фитнес зона, детско игралиште, како и новозасадени дрвја, тревна површина, систем за наводнување, лед светилки, клупи и корпи за отпадоци.

Преку вчерашната маалска средба и дружење најнепосредно се покажа како може и како треба да се користат овие јавни површини. Младите спортуваа, децата, барем за момент се вратија во училишните дворови и правеа џагор, а повозрасните уживаа во македонските евергрини и мелодии за Карпош и Скопје, велат од Општината.

Во изјавата за медиуми, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев посочи дека заштитата на јавниот простор е еден од приоритетите на локалната самоуправа. Си поставивме цел трајно да ги разубавиме површините меѓу зградите, со цел да се надомести штетата од агресивната и непланска урбанизација:

– Среќен сум што вечерва гледам дека оваа зона ја користат сите генерации на граѓани: младите, средновечните, највозрасните. Меѓугенерациската дружба е значаен сегмент од животот на секој човек, а во време на светска пандемија и намалени контакти, овој тип на зони во голема мерка помагаат за социјализација на карпошани и одржување на позитивниот дух, рече Богоев.

Во рамки на настанот фитнес час одржаа и тренерите од спортското здружение „ТАКТ“. Ученици, пак, на поставените штафелаи го изразуваа својот талент за цртање, а имаше и изложба на цртежи на тема „Зелен Карпош“, се додава во соопштението на Карпош.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски