Отворен нов Центар за дијализа

Од:

Во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје денеска e  отворен нов Центар за дијализа.

центарот е организиран и опремен според  европски услови и стандарди, и ќе  има 34 приклучоци за дијализни машини.

„Ќе го зголемиме бројот на дијализните места од 18 на 30. На секој апарат може да се дијализираат четири пациенти во две смени односно шест во три смени. Планот е во почетокот да бидат две смени. Во овој момент ќе можеме да дијализираме 120 пациенти од Скопје, а во моментот во нашиот стар центар за дијализа има 68 пациенти. Се надевам дека овој Центар ќе биде и указ такви центри да има повеќе во Македонија“, рече Директорот на болницата „8 Септември“, Сашо Стојчев.

Официјалното пуштање во употреба на Центарот,  ќе биде до крајот на месецот.

Директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева-Змејкова истакна дека со новиот Центар значително ќе се подобри здравствената услуга.

 

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем