Отворен Клуб на млади во Ресурсниот центар на СОС Детско село

Од:

Во Ресурсниот центар на СОС Детско село денеска беше отворен Клуб на млади, со поддршка на општина Гази Баба.

Целта на овој клуб е да да ги зајакне капацитетите на корисниците на услугите, чија крајна цел е вработување, помош при развивање на бизнис идеи во конкретен бизнис план и давање грантови за отворање на мали бизниси, пристап до информации за слободни работни места, кариерно советување, објавување на огласи за работа, размена на искуства, знаења, мотивација и вмрежување на младите.

Присутните на настанот ги поздравија претседателката на Управниот одбор на СОС Детско село, Зорица Серафимовска Арсовска, градоначалникот, Борис Георгиевски, претставник од фондацијата Херман Гмајнер, Корнелиа Маер и менаџерот на Проектот, Корнелија Ципушева Спасовска.

Во овие активности ќе биде вклучен и бизнис секторот од општина Гази Баба. Соработката помеѓу општината и Ресурсниот центар се заокружува со Агенцијата за вработување, од каде младите лица кои ги имаат поминато обуките, ќе бидат упатувани на соодветни работни места.

Би можело да ве интересира

Флекс Кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството

А1он

ФЛЕКС КРЕДИТ и оваа година се закити со статуетка за значаен придонес и поддршка на децата штитеници на СОС Детско село

Предраг Петровиќ

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село: „Да ги пренесеме најважните семејни вредности за децата во кумската куќа“

A1on

Компанијата Зегин и СОС Детско село – пријателство кое трае

Ана Ололовска

Ракометната федерација на Македонија доби специјален дрес од „СОС Детско село“

Нова хуманитарна кампања на Винчини со омилениот производ кој е уникатен со вкус и единствен со хуманитарната вредност ROCKY

Катерина Ѓуровски