Отворен Граѓанскиот ресурсен центар во Гостивар

Од:

На пригодна свеченост, Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) го отвори Граѓанскиот ресурсен центар во Гостивар во кој граѓанските организации западаниот регион ќе добиваат поддршка и помош при нивната работа. Центарот е еден трите вакви во Скопје и Штип и е дел од програмата Национален ресурсен центар за граѓанските организации.

Пред присутните претставници на невладини организации и локалната самоуправа се обратија Александар Кржаловски, прв извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) кој ја нагласи важноста од отварњето на вакво центар.

– Во овој центар, граѓанските организации и граѓаните во иднина ќе можат да доаѓаат и да се информираат за новостите во граѓанското организирање, законските регулативи, за учество во проекти, да развиваат соработка меѓу себе, и да го користат центарот за свои настани или за обуки, рече Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС.

Отварањето на ценатрот го поздрави и градоначалникот Арбен Таравари, кој потенцираше дека ова важна поддршка на граѓаните и граѓанските организации бидејќи на полесен начин добиваат можност за бесплатна едукација и информирање.

Со програмата Национален ресурсен центар за граѓанските организации ќе функционираат три ресурсни центри во Скопје, Гостивар и Штип, во партнерство со Медиа Плус од Штип и Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар, а е поддржан од Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он