Отворен Дневен центар за дарување крв во Скопје

Од:

Во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ денеска беше отворен Дневен центар за дарување крв. Се работи за наменски адаптирана просторија што ќе биде отворена од понеделник до сабота, од 10 до 17 часот. Таму ќе работи екипа од Институтот за трансфузиона медицина и социјални работници од Црвениот крст.

Центарот за отворен го прогласи градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски кој истакна дека проектот се должи на одличната соработка меѓу Црвениот крст на Град Скопје, Црвениот крст на Република Македонија,  Институтот за трансфузиона медицина и Град Скопје.

– Ова е нова форма и можност на дарување крв. Крводарителите до сега требаше да одат на Трансфузилогоја или да чекаат некои акции за дарување крв, изјави Трајановски и додаде оти во уредувањето на Центарот помогнале повеќе компании и амбасади.

Сузана Пауновска, секретар на Црвениот крст на Град Скопје истакна дека многу е важно крвта да ги чека пациентите во болниците, а не обратно. Дневно, потенцира таа, очекуваме од 10 до 20 крводарители во Дневниот центар.

Потсети дека лани, на територија на Град Скопје собрале 15 илјади крвни единици.

Дневниот центар за дарување крв ќе биде под патронат на Град Скопје, кој е и светски град на солидарноста и хуманоста. За таа цел Град Скопје одвои околу 200.000 денари за опремување.

Би можело да ве интересира

Собрани 38 единици крв во трите крводарителни акции во Тетовско неделава

Во Битола одбележан македонскиот ден на крводарителите и Црвен Крст на Македонија

Ана Ололовска

Крводарителска акција во УЈП

Ана Ололовска

Во Велес собрани 112 крвни единици во крводарителска акција на МК „Носачи на крстот“

Ана Ололовска

Крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица

Ана Ололовска

Крводарителска акција по повод Денот на општина Илинден

Ана Ололовска