Отворен ден за придобивките од обновливи извори на енергија во Охрид

Од:

Граѓаните од Охрид денеска ќе имаат можност да се информираат за придобивките од користењето на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност преку бесплатни инженерски совети и промотивни материјали.

Овој отворен ден е трет од низата кои се одвиваат во текот на месецов во рамки на ИРЕКо проектот. Првиот отворен ден за запознавање на граѓаните со придобивките од обновливите извори на енергија се одржа во Струга, а вториот во Дебар.

Настаните се дел од втората активност на проектот со цел промоција на енергетската ефикасност и користењето на обновливите извори во Југозападниот плански регион на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската унија како дел од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија.

Водечки партнер на проектот е „Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ“ во партнерство со „Центарот за развој на југозападниот плански регион“ од Република Македонија и „Албанија-ЕУ Центар за енергетска ефикасност“ и Регионалниот совет на Корча од Република Албанија.

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица