Отворен ден за граѓани со Комисијата за комунални работи и заштита на животната средина на Советот на општина Центар

Од:

На 26 мај 2015 година (вторник) со почеток во 10 часот, во конференциската сала на кабинетот на претседателот на Советот на општина Центар, Центарот на заедницата на општина Центар го организира првиот отворен ден со Комисијата за комунални работи и заштита на животната средина на Советот на општина Центар и надлежните сектори на општината.

На средбата ќе присуствуваат Дарко Атанасовски, претседател на Комисијата за комунални работи и заштита на животна средина, Кочо Стојчески, раководител на Секторот за инспекциски работи и Горан Иљоски, раководител на Сектор за уредување на градежно земјиште при општина Центар.

Целта на отворениот ден е граѓаните да се вклучат со свои предлози и идеи во работата на Комисијата за комунални работи и заштита на животната средина и да се запознаат со надлежностите и работата на Секторите за инспекциски работи и уредување на градежно земјиште. На отворениот ден граѓаните/ките имаат можност да разговараат со претставниците од општина Центар и да ги изнесат своите проблеми поврзани со комуналните работи и заштитата на животната средина.

Учеството на граѓаните на отворениот ден, кој е прв од неколкуте планирани, придонесува во остварувањето на долгорочната цел на Центарот на заеднивцата на општина Центар, вклучување на граѓаните во донесувањето одлуки на локално ниво.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар