Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, денеска Центарот за обука на пилоти организира отворен ден.
За време на активноста, најави Министерството за одбрана, ќе биде извршена презентација за Центарот, а присутните ќе имаат можност да се запознаат и одблиску да ги видат двата најсовремени „full motion“ симулатори за хеликоптерите Ми-24 и Ми-8/17, хеликоптерите Бел-206, авионите Злин 242Л, како и флотата хеликоптери на Воздухопловната бригада.