Отворен ден на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје

Од:

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска организира отворен ден. Посетителите ќе имаат можност непосредно во разговор со наставниот кадар и студентите да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во нашата земја, нејзината долга традиција, мисија и визија.

Денот е наменет за средношколците од средните училишта во Република Македонија, но и убава можност за сите оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за програмите на постдипломските и докторските студии на Универзитетот.

Во изложбените простори се предвидени разновидни презентации на активностите и проектите на наставниците и студентите, изложба на богатата научна дејност на Универзитетот: монографии, учебници, преводи и научни списанија.

Централниот настан е предвиден на платото пред ректоратот, каде ќе бидат сместени штандовите на факултетите.

Во рамки на Денот на високото образование на УКИМ ќе се одржи јавна дебата „Овој дом (не) верува дека Болоњскиот систем донесе поголем квалитет во македонското образование“, на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Посетителите ќе можат да изработат тестови за професионална ориентација и кариерно советување „Дознајте која професија најдобро ви прилега“, а предвиден е и Концерт на студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје, на Пламенка Трајковска Квартетот, како и на групата „Суперхикс“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар