Отворен ден на УКИМ за презентација на студиските програми

Од:

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 18 и 19 август преку платформата Мајкрософт тим ќе организира „Отворен ден на УКИМ“ на кој ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.

По тој повод, ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски во порака до матурантите како идни најмлади членови на академската заедница на УКИМ, истакнува дека отворениот ден е одлична можност да се уверат во одликите на УКИМ што, како што вели, го прават најдобар универзитет во нашата држава и еден од врвните во регионот.

– УКИМ зад себе има богат 72-годишен пат, исполнет со резултати достојни за почит, пат длабоко втемелен во сите пори на нашето општество. Големиот избор на квалитетни и иновирани студиски програми во сите циклуси на студии, постојаниот стремеж за достигнување на квалитетот на образовните програми на европските и светските универзитети, како и следењето на трендовите на атрактивност на студиските програми, се основна одлика на УКИМ со која се одвојува и предничи пред сите останати, наведува ректорот Јанкуловски.

Богатата високообразовна понуда на УКИМ, вели ректорот, е одраз на осовременувањето на наставно-образовниот процес, следењето на интересот на студентите, стопанството и современите текови на образованието во глобални рамки. Посочува дека Универзитетот организира настава на студиски програми во сите научни области: природно-математичките, техничко-технолошките науки, медицинските науки и здравството, биотехничките, општествените, хуманистичките науки и во уметностите.

-„Отворениот ден на УКИМ“ ќе ви понуди можности да се запознаете и со професорите и студентите. Немајте двојба, разрешете ги недоумиците доколку ги имате, прашајте ги сѐ што ве интересира: за студиските програми, за можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на вашите идни колеги, студентите од повисоките години кои несебично со вас ќе ги споделат нивните искуства за вклученоста во научноистражувачките и останатите проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практиканството, за кариерните можности…Вашиот избор, вашата одлука да студирате на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се вистински и правилни, бидејќи дипломите стекнати на УКИМ се препознатливи и на меѓународниот пазар на трудот. Освен тоа студентите на УКИМ се централен субјект и рамноправен партнер во одлучувањето за сите значајни прашања од дејноста на Универзитетот преку учеството во органите на факултетите и на Универзитетот. Бидете наш партнер, а истовремено и наш коректив, истакнува Јанкуловски во пораката до матурантите.

Би можело да ве интересира

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

УКИМ донира 3.800.000 денари за настраданите во Кочани

Студентите на УКИМ нема да организираат големи собири, на ниво на факултети ќе се искажува почит кон загинатите во Кочани

А1он

Студентите се собраа на заеднички час во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

Студентите нема да одат на настава една недела, ќе организираат настани за почит на жртвите