Отворен ден на УКИМ за претставување на студиските програми

Од:

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј-Скопје на 30 ноември ќе организира „Отворен ден на УКИМ” онлајн преку платформата Мајкрософт тимс.

– Целта на настанот е идните студенти на УКИМ да ги запознаат одблиску професорите и студентите, да прашаат сè што ги интересира за студиските програми, за можностите за стипендирање, да ги слушнат искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, да дознаат за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности…, соопшти УКИМ.

Универзитетот им порачува на идните студенти да го посетат Отворениот ден и да го изберат универзитетот со најдолга традиција во нашата земја.

Би можело да ве интересира

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Биљана Ангелова резбрана за ректорка на УКИМ

Горан Наумовски

ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ

Катерина Ѓуровски

Студенти од ФЛУ Скопје дел од меѓународна изложба во Сараево

А1он

Доделена годишната Награда на најдобрите научници и уметник на УКИМ за постигнати врвни резултати во 2024 година