Во организација на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), денеска во Public Room ќе се одржи Отворен ден на Советот, кој започнува со отворена седница на Комисијата за жалби, а продолжува со панел – дискусија, на која ќе учествуваат и претставници на советите за етика од Холандија и Белгија.
На панелот, на која модератор ќе биде извршната директорка на СЕММ Марина Тунева, за „Улогата на советите за етика во одговорноста и транспарентноста на медиумите“, ќе говори професорот Huub Evers, од Совет за етика во Холандија.
За саморегулацијата во Македонија и досегашните искуства и предизвици“ свое обраќање ќе има претседателот за жалби при СЕММ, Мирче Адамчевски, а за „Саморегулацијата како алтернатива за маркетингот во медиумите“, ќе зборува проф. Jean – Jacques Jespers, од Школа за новинарство на Универзитетот во Брисел.
Во однос на саморегулација наспроти регулација како и придобивки и значење во општеството, ќе се обрати извршниот директор на ЗНМ Драган Секуловски.