Отворен ден на кивопаланечката Противпожарна единица

Од:

Со отворен ден за граѓаните и сите кои одблиску сакаат да се запознаат со работењето на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, ќе биде одбележан Денот на пожарникарите, 20 мај.

– Вчера во просториите на единицата беше организирана крводарителска акција, а денеска ги отвораме вратите за граѓанството со презентација на работата, опремата и организациската поставеност, со што ќе го одбележиме годинашниот Ден на пожарникарите, изјави Иле Коцевски, командир на ТППЕ Крива Паланка.

Притивпожарната заштита во општина Крива Паланка започнала далечната 1933 година кога на иницијатива на тогашниот судски чиновник Цоне Трајковски се формира првото доброволно противпожарно друштво во општината.

-Во 1953 година бил изграден противпожарниот дом, лоциран во центарот на градот и претставува симбол на организираната општинска заштита од пожари во кој и ден денес е сместена Територијалната противпожарна единица. Првите зачетоци на днешната Територијална противпожарна единица се 1986 година кога пожарната заштита премнува во рацете на Министерството за внатрешниработи и се вработуваат четворица пожарникари. Денес работат 13 пожарникари, кои поминале обука од страна на инструктори од Белгија и Велика Британија. Во 2012 година двајца пожарникари од нашата единица минаа обука за инструктори за спасување од сообраќајни незгоди во обучниот центар за пожарникари Авонмаунт во Бристол Велика Британија,рече Коцевски.

Во 2011 година просториите на ТППЕ се реновирани со заеднички проект на ТППЕ, општина Крива Паланка и Мировниот Корпус на САД.

– Активни сме и на полето на превенција и едукација на учениците од основното образование. Од 2010 година редовно не посетуваат им се објаснува улогата, начинот на функционирање, потребата од постоењето на ТППЕ во секојдневниот живот на граѓаните. Со ОО на Црвениот Крст од Крива Паланка, пак, се реализирани низа проекти, а активно учествуваме и во обезбедување на повеќе културни манифестации кои се одржуваат во нашата општина, потенцира Коцевски.

ТППЕ од Крива Паланка поседува 3 навални возила, едно пратечко возило, цистерна, возило за шумски пожари, едно теренско возило лада-нива и теренско возило амарок донација од ДЗС.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот