Отворен ден на Дневниот центар за лица со попреченост ПОРАКА

Од:

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 Декември, Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост ПОРАКА денеска организира Отворен ден на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА Скопје во населба Аеродром.

– Отворениот ден се организира со цел да се подигне степенот на познавање и разбирање на потребите и проблемите со кои се соочуваат лицата со интелектуална попреченост и да се зголеми свеста за позитивните придобивки од нивното вклучување во секојдневниот живот на заедницата. Во текот на отворениот ден ќе бидат презентирани активностите на Дневниот центар, а присутните ќе имаат можност да се дружат со неговите корисници, соопшти ПОРАКА.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Секое украинско дете мора да биде вратено

Горан Наумовски

ОН: Од 136.000 деца во Газа на возраст меѓу шест месеци и пет години, 12.000 се неухранети

18.500 палестински деца кои се убиени во Појасот Газа

Во Македонија секое трето дете живее во сиромаштија

ISW: Путин продолжува да ги краде украинските деца

Единаесет деца се примени во болница по новиот предизвик на „Тик ток“, двајца се со скршеници на рацете