Првото „Роса школо за родителство“ ќе биде отворено денеска во Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје.
На отворањето на школото за родителство ќе присуствуваат министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Здравствен дом – Скопје, Злате Мехмедовиќ.
Роса школите за родителство се реализираат со поддршка на Министерството за здравство, а основната цел на проектот е едукација на идните родители како да се справат со секојдневните предизвици што ги носат нивните нови улоги.