ФОТО: Отстранета дивоградба на скопското Кале

Од:

Овластен градежен инспектор, со техничка механизација, вчера ја отстрани дивоградбата која незаконски се издигна во близина на скопската тврдина Кале, соопштуваат од Општина Центар.

„Импровизираното градилиште претходно, на 18-ти септември, беше затворено од страна на општината, а на инвеститорот му беше наложено во јасно одреден законски период да ја отстрани дивоградбата. Откако инвеститорот не постапи по решението и продолжи со изградба, Секторот за инспекциски работи на општина Центар пристапи кон отстранување на истата.

Инвеститорот гради градба без поседување ниедна дозвола и одобрение за градење издадено од општината, а воедно дел од градбата се наоѓа и во со закон строго заштитена зона за градби, односно тврдината Кале“, се вели во соопштението на Општината.

Општина Центар апелира до граѓаните да ги почитуваат законите и правилата за градба, како и да се придржуваат кон законските процедури за изградба на објекти.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски