Отсега прекопите во Центар во согласност со новиот изгласан правилник

Од:

Во општина Центар отсега нема да можат поединци или инввеститори да копаат и прекопуваат по улиците како што сакаат и кога сакаат.

Советот на општина Центар изгласа правилник за уредување на постапката и условите за издавање согласност за преклопи.

Пред почетеокот на постапката за приклучоци на објекти на водоводна, канализациона, електрична, телефонска и друг вид на инсталација за која е неопходно прекопување на улици или тротоари, инвеститорот е должен да добие согласност од општина Центар.

Нема да биде дозволено како досега, по завршување на работата да се оставаат несанирани дупки или прекриени и закамуфлирани со малку песок. Инвеститорот ќе биде должен јавната површина да ја врати во првобитната состојба.

За новите улици со старост до 5 години се испитува можноста да се избегнат прекопите, со тоа што приклучокот би се извел со подземно бушење. Доколку ова е технички неизводливо, по прекопот улицата мора да се санира со тоа што ќе се врати во првобитна состојба минимум по 20 метри од левата и десната страна на прекопот по цела ширина на улицата.

На улиците со старост од 5 – 10 години враќањето во првобитната состојба е минимум 15 метри, а за оние со старост до 15 години ќе биде неопходно враќање во првобитна состојба по 10 метри од лева и од десна страна и за оние над 15 годишна старост – минимумот е 5 метри.

Доколку се прекопува тротоар тогаш инвеститорот ќе биде должен да го врати во првобитна состојба по цела ширина, а во должина – 10 метри лево и десно од прекопот.

Надоместот за поставување, реконструкција на инсталации во трупот на патот и патниот појас на улиците и тротоарите во надлежност на општина Центар изнесува 8% со вклучен ДДВ од вредноста на изградените градежни работи.

Инвеститорот или барателот за да добие одобрение за вршење прекоп треба да поднесе барање со детална пресметка за градежната работа, точната адреса, должината на прекопот, времетраење на градежните активности и потребен период за санација, но не подолг од 10 дена.

Инвеститорот и барателот мора да достават банкова гаранција во износ од 150% од пресметаната вредност потребна за санација.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории