Отпочнаа подготовките за втората фаза од Спогодобата за асоцијација и стабилизација

Од:

Владата на Република Македонија на денешната 67 седница ја разгледа и усвои Информацијата околу новите моменти за премин во втора фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) меѓу Република Македонија и Европската Унија и го задолжи Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, д-р Бујар Османи, да ги координира релевантните институции во подготовките на позициите на Република Македонија по соодветните одредби од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) поврзани со преминот во втората фаза и истите да и ги предложи на Владата веднаш по одржувањето на следниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација. Со оваа одлука на Владата на РМ, се задолжуваат надлежните министерства и другите органи на државна управа кои се засегнати со преминот во втората фаза на ССА, да направат анализа и да дадат најнов пресек и статус на соодветните одредби, и за истото да го информираат Секретаријатот за европски прашања, најдоцна до 11 мај 2018 година.

Оваа одлука на Владата на РМ доаѓа врз основа на вербалната нота доставена од страна на Канцеларијата за врски на Република Грција до Министерството за надворешни работи, на 23.02.2018 г. во која се информира дека Репбулика Грција нема резерви во однос на преминот на Република Македонија во втора фаза на ССА.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати