Откриени триесетина илегалци во товарен воз од Грција

Од:

Царинските службеници од царинската испостава Железничка станица Гевгелија, открија 31 илегалец во меѓународен товарен воз.

Илегалците се откриени синоќа на железничката станица Гевгелија, при контрола на товарен воз што сообраќал на релација Грција – Австрија. Дваесет од нив биле пронајдени во внатрешноста на четири контејнери со церада, а 11 во надворешниот дел на два вагони, легнати на носачите под натоварените контејнери.

Според нивните изјави, илегалците биле државјани на Египет, Мали, Сирија, Авганистан и Пакистан, а намера им била да стигнат во внатрешноста на Европската унија.

Би можело да ве интересира

Николовски: Царината за пет месеци поднесе 85 кривични пријави

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

А1он

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека