Откриени шест случаи на криумчарење мигранти

Од:

Министерството за внатрешни работи откри и спречи шест одвоени случаи на криумчарење мигранти при што против осум лица се поднесени кривични пријави, а притоа откриени се вкупно 24 илегални мигранти од кои 11 од Сирија, шестмина од Пакистан, четворица од Сомалија, едно лице од Ирак и две лица од Авганистан.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во првиот случај кривично се пријавени Г.А. (19) и Г.А. (27) двајцата од скопско Зелениково. Откако од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Сопот“ биле забележани две патнички возила кои се движеле по автопатот од правец на Куманово, возилата кај клучката кај село Речица се исклучиле од автопатот и потоа од нив излегле седум илегални мигранти, шестмина од Пакистен и еден од Ирак, додека возилата продолжиле да се движат. Набргу сопрено е првото возило БМВ 316 управувано од првопријавениот Г.А., а неколку часа подоцна лоцирано и сопрено е и второто возило (исто така марка БМВ) управувано од второпријавениот.

Илегалните мигранти се префрлени во Прифатниот центар во Скопје, а надлежен судија на двајцата пријавени им одреди мерка притвор во траење од по осум дена.

Во вториот случај исто така во близина на клучката кај село Речица биле забележени две патнички моторни возила, Фолксваген поло и Сеат кордоба и двете со кумановски регистарски таблички. Притоа прво е сопрено „Полото“, кое било како претходница на второто возило управувано од пријавениот Д.Ф. (33) од Куманово, а потоа сопрено е и второто возило управувано од И.С.(29) од село Ваксинце, Кумановско во кое се наоѓале шестмина сириски државјани илегални мигранти. На двајцата кривично пријавени им е одредена мерка притвор во траење од по осум дена.

Во третиот случај кривично е пријавено лицето Ш.Н. (34) од Неготино. Пријавениот во близина на клучката кај село Кукуричани на стариот пат Неготино – Градско е фатен во обид со возило Застава 128 да пренесе двајца сириски илегални мигранти од Кумановско. И него му е одреден притвор во траење од осум дена.

Во четвртиот случај  кривично е пријавен гевегеличанецот Д.Ј. (23), кој во близина на старата касарна во Гевгелија е фатен во обид со возило БМВ со беровски регистарски таблички да пренесе четворица илегални мигранти од Сомалија до Кумановско. На Д.Ј. му е одреден притвор од осум дена.

Во петиот случај кривично пријавен е Ј.В. (25) од Велес кој на локалниот пат село Богородица – Гевгелија во возилото марка Киа со велешки регистарски таблички качил тројца сириски мигранти со намера да ги пренесе до Куманово, но од страна на полициски службеници е сопрен на автопатот Е-75 во близина на месноста викано „Авлаќот“. Тој иако се обидел по сопирањето да побегне, е фатен и приведен, а од страна на судија му е одреден осумдевен притвор.

И во последниот шести случај кривично е пријавено лицето А.С. (58) од Скопје кој ангажирајќи такси возило сакал од автобуската станица во Неготино до Скопје да пренесе двајца илегални мигранти од Авганистан.

Би можело да ве интересира

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ