Откриени напаѓачите на групата мигранти кај Табановце

Од:

Полицијата ги откри лицата кои пред неколку дена убија еден и ранија три мигранти во селото Табановце. Против три лица, сите од селото Табановце е поднесена кривична пријава убиство со умисла. Мотивот за убиство, според МВР, бил разбојништво.

– СВР Куманово во содејство со Секторот за организиран криминал при МВР на РМ, ги откри сторителите на убиството кое што се случи на 16 овој месец во селото Табановце и поднесе кривична пријава против Ј.В.(28), Д.П.(24) и С.Л.(28), сите од истото село поради основано сомнение дека сториле кривично дело убиство со умисла, соопшти денеска МВР.

Пријавените вечерта на 15 јули се договориле да ограбат мигранти кои повремено минуваат крај нивното село во правец на Република Србија. Наредниот ден околу 01:30 часот излегле покрај автопатот во селото Табановце и откако забележале група мигранти, првопријавениот тргнал кон нив издавајќи им наредба да застанат, по што со ловна пушка сопственост на неговиот татко, во воздух испукал еден патрон. Тогаш групата почнала да бега. Во тој момент некој од групата со камен гаѓал кон напаѓачите при што каменот го погодил првопријавениот во пределот на лицето и тој изреволтиран испукал неколку патрони кон групата, при што го лишил од живот мигрантот кој по потекло е од Бангладеш и ранил три мигранти од Бангладеш и Пакистан.

Пријавените веднаш избегале од лице место, по што дошле во куќата на првопријавениот каде што се договориле на никого да не кажуваат за настанот, а првопријавениот веднаш ја исчистил пушката.

По извршен претрес во домовите на пријавените одземени се две ловни пушки. По спроведената истражна постапка од страна на истражен судија од Основниот Суд од Куманово на пријавените им е изречена мерка притвор во таење од 30 дена, по што Д.П. и С.Л. се спроведени до затвор Скопје, а првопријавениот се наоѓа во бегство.

Третопријавениот е познат сторител на слични кривични дела, во 2011 година е пријавен за разбојништво над мигранти и други кривични дела со елементи на насилство за што е и осудуван. Останатите пријавени се познати сторители на кривични дела од областа на имотните деликти.

Би можело да ве интересира

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски