Откриени албански државјани кои нелегално работеле во Тетовско

Од:

Триесет и еден албански државјанин, кои непријавено престојувале и работеле во тетовско биле откриени и приведени по полициската акциска контрола спроведена денеска наутро информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Акциската контрола била спроведена на неколку места во Тетово, Џепчиште, Порој и Мала Речица.

– Во акцијата откриени и приведени се 31 албански државјани на различна возраст од 20 до 50 години кои непријавено престојувале на подрачјето. По кусото задржување албанските државјани биле предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он