А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Откриени 20 илегални мигранти во три одвоени случаи

by А1он17/08/2014 - 13:03106
Share0

Во три одвоени случаи полицијата минатата недела открила вкупно 20 мигранти. Најголем број од нив (15) биле државјани на Сирија, двајца од Нигерија и Иран и еден од Палестина. Тие илегално влегле во Република Македонија со намера да продолжат кон западноевропските земји. Поднесени се кривични пријави против три лица кои ги криумчареле мигрантите.

Добивај вести на вибер

Во првиот случај осомничени за криумчарење мигранти се Ј.Б.(22) и Е.И.(16) од Скопје, на кои им е одреден осумдневен, односно 30 дена притвор.

Како што соопшти МВР, на 13 август 2014 во 3 часот по полноќ во местото викано „Островот“ на автопатот во близина на Неготино во правец кон Скопје, патролни тимови на полицијата за граничен премин „Богородица“ забележале три патнички моторни возила кои застанале. При обид да истоварат мигранти, било запрено само едно возило, „цитроен саксо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од пријавениот Е.И. Во возилото биле затекнати четири лица илегални мигранти на возраст од 25 до 37 години од Сирија и Палестина.

Пријавениот ги качил мигрантите во близина на границата со Грција, со намера да ги превезе до Скопје и за турата да му бидат платени 500 евра од лице од Србија.

Возачите на другите две возила побегнале. По Неготино, на автопатот кон Скопје, направен е обид за сопирање на второто возило, „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки. Возачот не запрел, но по кратко време возилото е пронајдено на патот, во него е затекнат првопријавениот а мигрантите успеале да избегаат.

Во вториот случај за криумчарење мигранти, осомничен е Р.И.(20) од Скопје, против кого е поднесена кривична пријава. Полициска патрола на ГП „Богородица“ го открила пријавениот на 8 август 2014 во 2.30 часот во месноста Авлаќ со патничко моторно возило „форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки во кое превезувал пет лица од Сирија на возраст од 24 до 31 година.

Пријавениот претходно контактирал со лице кое работи во Грција за превезување мигранти од Гевгелија до српската граница за одредена сума пари и се договориле ноќта на 7 август 2014 година да биде на местото Авлаќ и да преземе одреден број мигранти.

На знак да сопре, возилото не застанало, а возачот продолжил околу 5 километри и пред бензинската пумпа кај село Смоквица застанал со возилото и побегнал во непознат правец. Изречена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Третиот случај е од 15 август 2014 година. Во 5.15 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на село Смоквица, патролен полициски тим за ГП „Богородица“ забележал две возила во движење. На даден знак да сопрат, возачот на патничкото моторно возило ја зголемил брзината и побегнал, а товарното моторно возило „фап” со струмички регистарски ознаки застанало.

Непознат возач и поголема група лица почнале да бегаат од возилото, во кое биле затекнати 11 лица илегално влезени во Македонија, на возраст од 18 до 37 години од Сирија, Нигерија и од Иран. Во близина на село Милетково е пронајдено и другото возило, „волво” со скопски регистарски ознаки, во кое не се пронајдени лица. Полицијата презема мерки за пронаогаѓе на лицата кои ги управувале возилата.

mvr

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Предраг Петровиќ21/08/2025 - 16:10

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

Горан Наумовски21/08/2025 - 10:24

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!

Горан Наумовски20/08/2025 - 12:02

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага

Предраг Петровиќ17/08/2025 - 11:26

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ17/08/2025 - 10:3217/08/2025 - 10:33

Скопјанка криумчарела мигранти од Египет

Катерина Ѓуровски16/08/2025 - 10:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен