Откриена обложувалница што работела нелегално

Од:

Три лица се приведени откако попречувале контрола во објект во Топлица, гостиварско за кој постоело соменевање дека нелегално се приредувале игри на среќа.

Од СВР Тетово информираат дека полициски службеници на полициско одделение Галате, вчера попладне околу 17:30 спровеле контрола во објект во Топлица, а во кој негално, без потребната лиценца, се приредувале игри на среќа.

– Во објектот бил затекнат С.Ј. (31) од ова село. При извршувањето на контролата и увидот, полициските службеници биле попречувани и навредувани од А.Ш. (52) и Ш.Ш. (58) од Топлица. Во еден момент А.Ш. физички нападнал еден од службениците и му ја скинал униформата. Тројцата се приведени, задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот и ќе се соочат со соодветни поднесоци, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Од објектот во Топлица, по контролата времено е одземена комплетната опрема што се користела за приредување игри на среќа: телевизори, компјутери, монитори, печатачи, читачи, билтени, тикети и друго.

Би можело да ве интересира

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски