Откриена нелегална сеча на дрва во близина на Ресен

Од:

На 11.8.2022 во 9.15 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица Ресен и Надворешната канцеларија за криминалистички работи бил лишен од слобода М.Н.(46), кој бил затекнат при бесправна сеча на огревни дрва, од кои дел биле натоварени на возило.

Извршен е увид на местото на настанот.

Истиот ден, во 11 часот полициски службеници, постапувајќи по планот за „Безбедно лето 2022”, на место викано „Бела Вода“, атар на с.Златари, пронашле патничко возило „сеат толедо“, со ресенски регистарски ознаки, натоварено со огревно дрво без соодветна документација.

Возилото и дрвата се предадени на ЈП „Национални шуми”- подружница Ресен, а по документирање на случајот против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Две кривични пријави за вработен во „Национални шуми“-Подружница „Беласица“ од Струмица

Замрзнати цените на огревното дрво и на пелетите

Коциќ: Ја ограничивме маржата на најмногу 10 отсто за дрвата и пелетите за огрев, го штитиме стандардот на граѓаните

Шумско стопанство од Кичево незаконски продавало огревно дрво