Откриена нелегална обложувачница во Врапчиште

Од:

Полициски службеници при акциска контрола во селото Врапчиште, синоќа откриле обложувачница која работела нелегално.

Според СВР Тетово, полицајци од станицата од Гостивар, вчера околу 21 часот извршиле контрола во спортска обложувалница, во која нелегално се приредувале игри на среќа и комар. Во објектот биле затекнати двајца тетовци Б.Џ. (21) и Б.Ф (24) како вработени.

– Во објектот без фирма, пронајдени и со потврда од Н.Е. (45) лице кое се пријавило како одговорно одземени се: пет телевизори, четири компјутери со куќишта и монитори, два печатачи еден читач, 10 билтени и 2.090 денари, вели порптпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Во тек се активности за расчистување на сите поединости, по што против ќе следува и соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР