Откриена неактивирана рачна бомба „кашикара“ при градежни работи во Скопје

Од:

Скопјанец при извршување градежни работи во шахта пронашол експлозивна направа. По интервенција на полицијата, констатирано е дека се работи за неактивирана рачна бомба „М-75“ (кашикара).

– Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, Р.Ј. од Скопје пријавил дека во сопствениот двор во населба Хиподром при извршување градежни работи во шахта пронашол експлозивна направа. Полициски службеници од Полициска станица Гази Баба излегле на местото на настанот и констатирале дека се работи за неактивирана рачна бомба „М-75“ (кашикара).Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.

Експлозивната направа е подигната од местото на настанот од Единицата за aнтитероризам при МВР за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари