А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Откриена меѓународна криминална група за компјутерски криминал

by А1он22/05/2017 - 18:43131
Share0

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на повеќе локации на територијата на Република Македонија на 19 овој месец изврши координирани претреси при што се обезбедени доказни материјали и е запленета компјутерска опрема од лица за кои постои основано сомнение дека се дел од меѓународната криминална група.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти МВР, акцијата е во рамки на едногодишна операција „Пратка“ на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, по пријава од страна на Царинска управа на Република Македонија – Сектор за контрола поради сомнение за сторено кривично дело “оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Одземената компјутерска опрема е предадена на Одделението за дигитална форензика при МВР на РМ, со цел изготвување на дополнителна форензичка анализа и утврдување на сомненијата за учество на инволвираните лица во меѓународната криминална група.

Како дополнување во истрагата, во ноември минатата година, од страна на полициските служби од Единицата за компјутерски криминал во Министерството на внатрешни работи на Република Бугарија, е добиена информација дека постапуваат по случај каде што е регистрирана компјутерска злоупотреба на нивниот царински систем и дека располагаат со информации за постоење на меѓународна криминална група во која како членови учествуваат и македонски државјани, се наведува во соопштението на МВР.

По меѓусебна размена на оперативни информации и податоци кои се однесуваат на можна идентификација и утврдување на македонските државјани инволвирани во кривичните дела и обезбедување на детални информации за потеклото и начинот на кој функционира криминалната група, со посредство на Секторот за меѓународна полициска соработка (СЕЛЕК центар) биле организирани и работни состаноци на кои е формиран работен тим за заедничка истрага на активностите на организираната криминална група.

mvr

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Горан Наумовски23/03/2026 - 13:16

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ20/03/2026 - 21:1220/03/2026 - 21:14

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 12:03

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски08/03/2026 - 16:0108/03/2026 - 16:04

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски08/03/2026 - 12:0708/03/2026 - 12:23

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 16:0807/03/2026 - 16:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто