Откриена фабрика за производство на фалсификувани патики во Чаир

Од:

Царинската управа вчера откри фабрика за производство на фалсификувани патики од познати брендови, која функционирала во подрумски простории во општина Чаир.

При претрес во работилницата се затекнати и приведени лица кои изработувале спортски обувки, 154 пара готови обувки за испорака со лого на познати трговски марки, повеќе машини со кои е вршено производството, како и обувки во фаза на изработка, голема количина репроматеријал, етикети, апликации, горништа и ѓонови од кои би се произвела поголема количина обувки, информира денеска на прес-конференција директорката на Царинската управа Наташа Радевска Крстевска.

Нелегалната работилница е откриена по добиена разузнавачка информација и неколку месечна интензивна истрага.  Работилницатафункционирала на принцип на повремено производство, односно по неколку дена во неделата, вообичаено пред пазарни денови со цел да не биде воочливо работењето. Просторијата била користена со договор за закуп, но била злоупотребена за недозволено производство. Репроматеријалите биле набавувани од домашниот пазар.

Производите и машините се привремено одземени, а по комплетирање на сите докази Царинската управа против осомничените ќе поднесе кривична пријава за кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.

Директорката на Царинската управа истакна дека истрагата е се уште во тек и оти по нејзино завршување ќе бидат соопштени информации за бројот на лицата инволвирани во случајот, за начинот и за местото на испорака на обувките.

Радевска-Крстевска соопшти и дека завчера на царинската испостава Богородица, при контрола на стока со потекло од Грција пријавена во транзитна царинска постапка, наменета за увозник од Словенија, царинските службеници пронашле и привремено задржале  585 кутии со 530.640 парчиња стикери, хартиени карти и детски играчки-колички, под основано сомневање дека повредуваат право од интелектуална сопственост на познати  трговски  марки. Цариниците завчера откриле  и 300 грама марихуана при контрола на скопски автомобил на граничниот премин Ново Село. При детален претрес на двајца македонски државјани кои на граничниот премин Ново Село пристигнале со Peugeot 206 со скопски регистарски таблички, во пределот околу стомакот под фармерките, пронајдени се две пакувања марихуана со 150 и 50 грама.  При претрес на возилото, под касетата кај совозачкото седиште пронајдени се уште 100 грама марихуана.

Во тек на службениот разговор, лицата изјавиле дека марихуаната ја набавиле од Сандански, Бугарија. Против осомничените е поднесена кривична пријава поради основано сомневање за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

Би можело да ве интересира

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата

МВР бара помош од граѓаните: Кој има информација за Марк Јорис веднаш да не алармира

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ

МВР уапси двајца крадци кои краделе домашни животни

Пуштиле осуденик на слобода зошто немало место во затвор, кривична за тројца битолски полицајци

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Бројни советници по кабинети, масовна партизација на грбот на граѓаните и во МВР

Горан Наумовски