Откриена биста на Гоце Делчев во Пустец

Од:

Во Пустец денеска е откриена биста на Гоце Делчев по повод 121 година од неговата смрт.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која присуствуваше на настанот, порача дека делото на Делчев ги поврзува сите Македонци, каде и да сме.

– Ние нема никогаш да се откажеме од големите дела и големите зборови на нашите револуционери кои биле на вистинската страна на историјата, како што сме ние денес. Ние, кои сме во прогресивниот табор и кои на државата и посакуваме светла европска иднина со рамноправни граѓани и среќни млади генерации, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура посочи дека народните херои како Гоце Делчев и нивните идеали за слобода и рамноправност, се нашиот патоказ кон Европа. Таа нагласи дека неговата визија за светот како поле за културен натпревар меѓу народите, нема никогаш да го изгуби значењето во нашето колективно постоење и во настојувањето да создадеме сигурна, просперитетна и заедничка иднина.

– Останавме доследни на нашето ветување дека нема да престанеме да градиме мостови на поврзување и дијалог, додаде Костадиносвка-Стојчевска, која на свеченоста присуствуваше со директорката на Завод и Музеј-Битола, Мери Стојанова.

Бистата на Делчев е поставена на иницијатива на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, чиј претседател е Васил Стерјовски кој рече дека бистата е симбол на непоколебливоста и вербата во принципите на правда и слобода.

– Гоце Делчев со својот живот и дело стана апостол за Македонците и неговиот спомен се пренесува од колено на колено, не само кај Македонците од Албанија, туку и секаде во светот каде што живеат. Сликата на Гоце е присутна во македонските домови, во училиштата, угостителски објекти, на разни манифестации и друго, песни за Гоце Делчев се пеат на разни веселби, свадби, прослави, а учениците во училиштата рецитираат стихотворби за Гоце Делчев и Гоце и Александар се најпопуларни имиња меѓу Македонците во Преспа, рече тој.

Бистата е изработена од уметникот Зоран Тошевски, а е поставена пред црквата „Свети Архангел Михаил“ во Пустец, на плоштадот именуван по Делчев.

Би можело да ве интересира

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

МАЕИ: Не го признаваме пописот во Албанија, се појавија 7957 Бугари наспроти 2281 Македонци

Предраг Петровиќ

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката

Доделување на државната награда „Гоце Делчев“

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Катерина Ѓуровски

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он